09/05/2017 Goran Manev

СОУ „Јосиф Јосифовски“ го прослави својот патронат

СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија минатата недела со бројни активности го прослави својот патронен празник.

На 3.5.2017 год. во Народниот театар во Гевгелија се одржа традиционалната франкофонска вечер . Преку песни, танци и драмски изведби на интересен и забавен начин на присутните им беше прикажана убавината на францускиот јазик и култура. На манифестацијата учествуваа и ученици од ООУ Крсте Мисирков кои на симпатичен начин ја покажаа љубовта кон францускиот јазик.

18336995_784162771748199_594126454_n

Посебна чест беше и присуството на г-ѓа Марија Николова, претставник од Националната комисија за Франкофонија и г-ѓа Милена Касапоска-Чадлоска, претседателка на Здружението на професори по француски јазик на Македонија.

18309112_784163805081429_1632602720_n

Пред почетокот на дисиминација настап имаше средношколскиот хор на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија под менторство на професорот Илија Атанасов.18425998_1749491918674863_1621986663_n

Дисиминацијата започна со  презентација на основните предуслови за развој на е-бизнис стратегија, а  заврши со поттикнување на присутните гости  за инвестирање во идеите како најголем капитал,извор на иновација и клучен момент во сите човечки промени и прогрес преку креираните е-бизнис планови на учениците.

18361446_1749465682010820_1833910550_n

 

18386625_1749465568677498_1186006654_nНа 5.5.2017год. (петок) се одржаа спортски натпревари меѓу училиштата СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија и СОУ„Кочо Рацин“-Велес. Присутни беа и професори од СОУ“Кочо Рацин“-Велес како дел од проектот за меѓуетничка соработка во образованието.

DSCN36941

Исто така, се положи цвеќе на спомен обележјето во училишниот двор на патроните на нашата сегашност Јосиф Јосифовски и  Ристо Поп Ристов.DSCN3700

DSCN3704DSCN3720

 

DSCN3708„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија е синоним за добро организирано и квалитетно училиште во кое годишно се школуваат околу 1000 ученици. Повеќе од 60 години СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија е диригент на образовните и културните текови во градот. Успесите и постигањата докажуваат дека учениците и наставниот кадар се искрено посветени на работата. Училиштето е почитуван партнер во заедницата извор од кој пие приватниот бизнис сектор, но и непресушен бунар кој го напијува интелектот на јавниот сектор. “, истакна  директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија,   г-н Борче Нечевски.

DSCN3709DSCN37141