20/04/2016

СОУ Јосиф Јосифовски го одбележува својот патронат

СОУ„Јосиф Јосифовски“ вчера и денес со бројни манифестации го одбележува патрониот празник . Вчера во 19.30 часот во холот на Народниот тетар беше организирана изложба Вкусот на различностите, каде се дегустираше традиционалната српска, влашка, турска, ромска и македонска кујна подготвена од родителите на учениците од средното училиште а во рамките на владиниот проект за меѓуетничка интеграција во образованието. Потоа од 20 часот се одржа прекрасна француска подготвена од професорите по француски јазик од средното училиште во која учествуваа ученици од овој средноучилишен центар во Гевгелија со музички и театарски точки.

Денеска ќе биде положено цвеќе на спомен обележјето на патронот – Јосиф Јосифовски, во дворот на училиштето. Веднаш потоа започнуваат спортските натпревари, кои по втор ќе се одржат на новоизграденото мултинаменско игралиште кај поранешна Касарна. Во спортските натпревари ќе учествуваат спортски екипи од СОУ„Јосиф Јосифовски“ и гостите од гимназијата „Михајло Пупин“ во Инџија. Имено, гости на СОУ„Јосиф Јосифовски“ и годинава се учениците и професорите од гимназијата во збратимена Инџија.