07/12/2017 Goran Manev

СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија беше училиште домаќин на „Лидер на струка 2017“ за угостителско-туристичка струка

На 6.12.2017год.(среда) во СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија  се одржа државниот натпревар „Лидер на струка“ 2017 година за угостителско-туристичката струка во организација на Министерството за образование, Центарот за стручно образование и обука и училиштето -домаќин.  Се натпреваруваат ученици од угостителско-туристичката струка од образовните профили: хотелско-туристички техничар, угостителски техничар, готвач, келнер и слаткар.

24829057_1541381512610728_1458408631_n

На натпреварот учествуваат вкупно седум  училишта од Македонија и тоа:  СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, СОУ „Лазар Танев“-Скопје, СОУ “Наум Наумоски Борче” Крушево, СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка, СОУ „Коле Неделковски“ – Велес и ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид.

24992468_1541383595943853_1524469920_n

24989424_1541378159277730_1400159430_n

24989376_1541379475944265_245726817_n

24581331_1541380215944191_1179346299_n

Учениците се натпреваруваат во две фази: писмен тест и практична задача, соодветни за образовните профили од угостителско-туристичката струка.