20/04/2016

Проектот „Органски кетеринг“ прогласен за најдобар

Програмата Еразмус+ цели кон зголемување на знаењето и професионалните способности, а воедно ја подржува модернизацијата во овие области, нуди можности за аплицирање во различни акции достапни за студенти, ученици, млади соработници, професори, наставници, како и останати лица активни во областите кои ги поддржуваат образованието, обуката, младите и спортот.

Националната агенција e столбот на имплементацијата на Еразмус+ програмата и ги поддржува сите сегменти на образованието, обуката, младите и спортот во нивните напори зашто порамноправно учество во европскитетекови. Во соработка со Министерството за образование и наука се дефинираат приоритетните области на поддршка секојагодина, со штосепридонесува зa оптимално користење на средствата од Европската Унија.

Националнатаконференција одржа т.н. Валоризациона конференцијана 3.02.2015 година во хотелот Александар Палас во Скопје на која учествуваа претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмусплус 2014-2020“, како и иницијативитена ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“, претставник од Министерството за образование и наука,наставници и професори, општинската администрација како и активисти во граѓанскиот сектор.

Настанот беше дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ кои ги организира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.
На присутните им беа презентирани фазите на одлучување-процедура за селекција на апликации, како и трите клучни акции од програмата Еразмус +.
Во вториот дел од настанот беа презентирани најуспешните проекти. Проектот Органски кетеринг реализиран од страна на СОУ „Јосиф Јосифовски“ со италијанскиот партнер Fattoria Biologica Patrice беше прогласен за проект со најдобро спроведена пракса и доби сертификат во категоријата на стручно образование.

fc1da7257992fc36032e11db3df7a664_XL