25/08/2016 Goran Manev

Проектот на Раманчев и Џотов меѓу 10-те најдобри проекти на натпреварот „Чиста технологија – направи влијание“

Проектот на учениците Кире Џотов и Лазе Раманчев под менторство на професорката Андигона Костадинова беше избран меѓу 10-тите финални проекти  на меѓународниот натпревар „Чиста технологија – направи влијание“ организиран од Центарот за наука,техника и едукација со седиште во Њујорк, САД.

За таа цел, еден од членовите на тимот, ученикот Лазе Раманчев под менторство на професорката Андигона Костадинова отпатува за САД каде  умешно го презентираше проектот за сончеви колектори.

Натпреварот за чисти технологии претставува предизвик за  учениците од средношколска возраст и има цел да го забрза подлабокото разбирање на науката, технологијата, инженерството и математиката, како и да ја зголеми конкурентноста на следните генерации на полето на иновативноста.