20/04/2016

Проектот „Молекуларна гастрономија“ на насловните страници во Шибеник

Во рамките на програмата Еразмус +,  22 ученика од угостителско-туристичка струка на СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија , заедно со три професори-ментори имаат можност да бидат дел од двонеделна мобилност во партнер организација во Шибеник.

Учениците стекнуваат вештини за истражување, применување на физичките и хемиските трансформации на состојките коишто се случуваат за време на готвењето.

На 14-ти октомври се изврши дегустација на рецептите во рамки на правецот молекуларна гастрономија, подготвени токму од учениците од угостителско-туристичка струка на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија и угостителското-туристичко училиште во Шибеник. Овој настан го привлече вниманието на медиумите. Погледнете што пишуваат медиумите во Шибеник.