09/05/2016 Goran Manev

Прво место за средношколскиот мешан хор

Способноста за заедничко музицирање е секогаш круна на способноста и зрелоста на личноста за професионалноста во својата област.

Хорот на  СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја продолжи традицијата на најградуван училишен хор во Р Македонија. На овогодинешниот државен натпревар во хорско пеење,  средношколскиот мешан хор под менторство на професорот Илија Атанасов повторно го освои првото место.

Средношколскиот хор на  „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија не е само сведок за квалитетот, зрелоста и ефикасноста и популарноста на училиштето, туку денес  навистина е репрезент на уметноста и културата на училиштето, но и на државата.