13/11/2017 Goran Manev

Прва награда за Атанас Атанасов на јубилејните 50 Детски Рацинови средби

        На 2.11.2017, во Велес, беа одбележани јубилејните 50. Детски Рацинови средби. Одбележувањето на овој значаен јубилеј, во организација на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ и општина Велес, опфати широка програма со голем број учесници и добитници на наградени творби од ученици во литературен конкурс за најдобра песна и ликовен конкурс за најдобар цртеж. Темата и на двата конкурса беше „Мојот град – моја инспирација“.

23515515_1876196562421342_262865046_n

     Атанас Атанасов I4, ментор – проф. Жаклина Атанасова ја доби првата награда на литературниот конкурс, во категoријата за најдобра песна. Свеченоста за доделување награди започна со поетска работилница со детскиот автор Горјан Петревски, а продолжи со поетско-музичка манифестација на којашто свечено беа прогласени победниците од натпреварите на 50. Детски Рацинови средби.

23477038_1876195919088073_2018866705_n

23515529_1876196122421386_1961936592_n

     Во состав на оваа манифестација беше одржана и ликовна работилница со Живко Попоски Цветин, кој со Цветен воз пристигна во градот Велес, заедно со учесници на настанот.