19/05/2016 Goran Manev

Пласман меѓу 10-те финалисти на меѓународниот натпревар „Чиста технологија – направи влијание

СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го продолжи успехот на полето на истражувачките проекти. Проектот на учениците Кире Џотов и Лазе Раманчев под менторство на професорката Андигона Костадинова е избран меѓу 10-тите финални проекти  на меѓународниот натпревар „Чиста технологија – направи влијание“ организиран од Центарот за наука,техника и едукација со седиште во Њујорк, САД.

Натпреварот за чисти технологии претставува предизвик за  учениците од средношколска возраст и има цел да го забрза подлабокото разбирање на науката, технологијата, инженерството и математиката, како и да ја зголеми конкурентноста на следните генерации на полето на иновативноста.