21/04/2016 Goran Manev

Органски кетеринг –подобрување на вештините и способностите во рамки на стандардите на ЕУ во угосителството

Заинтересирани за проширување на знаењето во полето на производството на органската храна и промовирање на нови органски производи во регионот, СОУ”Јосиф Јосифовски”–Гевгелија аплицираше со проектот “ Органски кетеринг –подобрување на вештините и способностите во рамки на стандардите на ЕУ во угосителството” во Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност  и беше прворангирано училиште со 98 поени од максимум 100 поени.

935129_254662051362200_2029588638_n

Како прворангирано училиште, СОУ”Јосиф Јосифовски”-Гевгелија изврши мобилност на ученици од трета и четврта година од угостителско-туристичката струка, од образовниот профил хотелско-туристички техничар, келнер и готвач во биолошката фарма Фаториа Биолоџика Патриче во Сполето, Италија.  Вкупниот број на ученици опфатени во мобилноста беше 32, и се одвиваше во две групи и времетраење од две недели за секоја група.

Во рамки на едномесечната обука во органската фарма Фаториа Биолоџика Патриче која истовремено е и хотел за агротуризам, се одвиваа многубројни активности кои овозможија учениците да се стекнат со знаења за органското производство од секоја можна перспектива.  Како фарма која егзистира од 1974 и е главен производител на маслинки од кои произведува ладно цедено маслиново масло, лозје од кое произведува бело и црвено вино и разновиден вид на овошје, учениците имаа можност не само теоретски туку и практично да ги споредат претходните предзнаења и да стекнат нови знаења за органското производство.

941863_10152040160294626_1512700030_n

Имено, учениците научија дека органското производство не е само дадена етикета, туку под органска храна исто така се подразбираат методите на обработка на земја и производство на храна  водејќи  притоа сметка за благосостојбата на животните како и за тоа храната да биде со висок квалитет и да не биде штетна за здравјето на човекот.

Исто така,беа збогатени знаењата за начинот на кој се произведува ладно цедено масло и се нагласи основниот начин на користење на ладно цеденото масло.Преку еко-гастрономската понуда на регионот Умбриа, кој е познат како зеленото срце на Италија,учениците се запознаа со гастрономската култура на овој регион преку приготвување на разновидни специјалитети кои вклучуваат антички рецепти, генијални производи и едноставна хран храна инспирирана од класични италијански јадења. Притоа, се стекнаа вештини  и способности за:

  • Тесто за италијанска пица и приготвување повеќе видови италијански пици и тоа: моцарела, фунги, фунги олива, Бизмарк, сансичи и гонгорзола;
  • Тесто за италијанската паста странгози, начин на сукање на тестото, нивно сечење и трансформирање во вкусен специјалитет со свеж доматен сос и светски познатото Пармезан сирење;
  • тесто за капелети (што во превод на македонски значи филувани куќички )
  • Лазањи, бешамел сос и рагу сос
  • органски леб ( целосно пченкарен леб, полупченкарен леб и бел интегрален леб) приготвен од брашното кое се произведува во рамки на млинот на фармата
  • колачи торцети и пињоли ( карактеристични десерти за регионот на Умбриа)
  • Колачот Красата ( од кајсија)
  • Торта тирамису

Освен усовршувањето на вештините за еко-готвење учениците се стекнаа со знаења за операциите на машината со ХАСАП стандарди,а воедно со тоа и за стандардите на органската храна.

1013996_255550661273339_1520285271_n

Исто така, учениците имаа можност да се стекнат со знаења за редоследот на кујнските активности, начинот на работење и употреба на кујнкисот прибор на правилен начин. Во текот на едномесечната обука се изврши и секојдневна ротација на учениците задолжени за подготвување на масата за појадок, ручек и вечера и преку тоа се усовршија вештините за организирање на кујнските активности  при ресторанот во склоп со фармата и хотелот за агротуризам.

Умбриа како синоним за вкусна и одлична храна им овозможи на учениците да го дегустираат традиционалниот рецепт за познатото торта дел тесто за кој позитивни критики дале британската, холандската и шведската кралица и да ја почуствуваат моќта на успешен гастрономски бизнис компониран од едноставно мени на органски состојки и традиционални италијански рецепти.

1013239_254701848024887_1946903020_n

Проектот  опфати и надоградување на културолошките знаења на учениците преку богатиот пример на гастрономски  и агротуристички понуди. Во рамки на проектот, учениците имаа студиски посети на Сполето,Перуџа,Асизи,Терни, Монте Фалко и Рим. Со цел приближување до италијанската култура во хотелот за агротуризам учениците посетуваа и курс по италијански јазик и  го збогатија својот вокабулар со основните терминолошки поими и фрази од областа на кулинарството.

Покрај гастрономската понуда на регионот, учениците имаа можност да се стекнат со знаења и за агротуристичката понуда на туризмот на теортески начин преку презентациите на домаќините за легислативата на ЕУ во однос на прашањето за агротуризам,и воедно воочувајќи ги основните аспекти во реални услови. Она што можеби беше интересно за учениците се основните предуслови за започнување агротуристички бизнис и важноста од поседување на различни органски производи, специјалитети, познавањето странски јазици при проценување и категоризирање на органската фарма и хотелот за агротуризам.

Пријателскиот разговор на домаќините со гостите нивната понуда на културолошки посети на италијански гратчиња, придавање  помош кон домаќините при бербата со маслинки  е искуство надвор од теоретските лекции затоа што учениците ја открија тајната на агротуристичката понуда во реални услови и воедно добија стимулација истата да се прилагоди во наши услови во Македонија. Органското производство не е само етикета , подразбира традиција, автентичност, придобивка во однос на физичкото здравје и во однос на еко-системот.

По завршувањето на мобилноста, се изврши првата дисиминација на стекнатите знења пред своите родители и професорите. Преку еко-гастрономоската култура на Умбриа I приготвeните инспиративни класични италијански специјалитети  учениците сакаа да ги информираат присутните за придобивките од органската храна, вклучувајќи ги придобивките во однос на физичкото здравје и придобивките во однос на еко-системот.

1016554_254663234695415_178817367_n

Исто такa, се потенцираше дека зголемената понуда  на органската храна би можело да вклучи и други дистрибуциони канали кои не би биле ограничени само на продажба во синџири на супермаркети и пазари за зеленчук и овошје туку би се фокусирале и на промовирање на хотели за агротуризам и органска храна, ресторани за органска храна, органски фарми и органски оброци во јавни институции.