20/04/2016

Општински натпревар по биологија

Во текот на изминатиот викенд на 04.04.2015 СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија беше домаќин на општинските натпревари за учениците од прва, втора и трета година од СОУ “Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, СОУ „Богданци“ и СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово.

Учениците постигнаа одлични резултати, успешно пласирајќи се на регионалниот натпревар по биологија.Од прва година, се пласираа 11 ученици од вкупно пријавени 13 ученици.
Од втора година се пласираа 6 ученика од вкупно 11 ученика
Од трета година се пласираа 7 ученика од вкупно 8 ученика.
Прво место на општинскиот натпревар по биологија од прва година е Христина Такашманова, прво место од втора година е Клементина Горгиева , а прво место од трта година е Зорица Боволкова.
Регоналниот натпревар ќе се одржи на 25 арил во Валандово помеѓу општините Гевгелија, Богданци, Валандово , Струмица и Радовиш.