22/08/2016 Goran Manev

Обука за модернизација на системот за средно стручно образование

      Во рамките на тековните активности за реформи на средното стручно образование, проектот “Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системите за средно стручно образование и образованието на возрасните“, финансиран од Европската Унија, продолжи со спроведување на предвидените активности за учење на учениците и оценување, за наставниот кадар на средните стручни училишта.      За таа цел, девет професори од средното стручно образование кои предаваат општи образовни предмети и стручни предмети во СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија беа на обука за наставниот кадар од средните стручни училишта на РМ за областа учење и оценување. Обуката се одржи од претставници од  Министерството за образование и наука и Британскиот совет во временскиот период од 16-ти до 19-ти август во хотел Дрим.