03/01/2017 Goran Manev

Новогодишно музичко -сценско шоу „Лице + Лице“

На 30.12.2016год. (петок) во организација на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија се одржа новогодишното музичко-сценско шоу „Лице + Лице“ .  На шоуто настапи училишниот хор и  вокално-пејачката група „Ројалс“ и се изведе театарската претстава „Чорбаџи Теодос“од Васил Иљоски. Како гости на шоуто беа Петар Узунов и Теодора Атанасова, поранешни ученици на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија и учесници на претходни театарски-музички изведби на училишните претстави. 15841749_1695353734088682_11985850_n

15871021_1695354590755263_1712703131_n15879232_1695353640755358_1841294621_n

Во рамки на новогодишното музичко-сценско шоу се промовираше и училишниот весник на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, можност за осврт на сите успеси и активности  на учениците и професорите од изминатата учебна  година.

15840935_1695353940755328_377292071_n