20/04/2016

Новогодишна претстава за деца „Што ако има вејавица и Дедо Мраз добие кивавица“

Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија одбележува 20 години од формирањето и поставувањето на првата претстава  „Што ако има вејавица и Дедо Мраз добие кивавица“.

По пресрет на јубилејот драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија  ќе ја реализира претставата на 21.12.2015год. ( понеделник ), 22.12.2015год, ( вторник) и 23.12.2015год. (среда) со почеток од 10часот и 11.30 часот во Народниот театар Гевгелија.

Претставата е во режија на Даниела Џишева, текстот го подготви Афродита Кирјакова, сценографијата е на Тони Аврамов, а кореографијата на снегулките на Виолета Аризанова.