20/04/2016

Новогодишен базар – Дарувајте насмевка секому

На 25.12.2014 год. на плоштадот на општина Гевгелија активот по француски јазик и средношколската заедница на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија и родителите на учениците како дел од проектот на Министерството за образование и наука „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ организираа божиќен хуманитарен базар.

Базарот беше вистинско место да се вкуси комбинацијата од традиционални и модерни слатки и солени задоволства. Преку продажбата на вкусните рецепти се поттикна иницијативата за солидарност на граѓаните. Собраните средства ќе бидат искористени за хуманитарни цели.