20/04/2016

Нови успеси на драмската група O la la при СОУ Јосиф Јосифовски

На 19.3.2016 год. во просториите на МКЦ – кино Фросина, се одржа натпревар по Франкофонски средношколски театар на кој учествуваше и драмската група од нашето училиште предводена од професорката Мирјана Чамџиќ, а за сценографијата и костимографијата беше задолжена професорката по уметност Розета Картова.

Во доста силна конкуренција нашите ученици одлично се претставија и како резултат на тоа понесоа две престижни награди. Ученичката Кристина Митреска ја доби наградата најдобра актерка, а ученикот Илија Влахов најдобар актер.