27/04/2016 Goran Manev

Награди на литературен конкурс и МАССУМ

Ученичката Марија Бојкова од четврта година во СОУ„Јосиф Јосифовкси“-Гевгелија под менторство на професорката Бисерка Гунова го закити училиштето уште со две наггради.

Ученичката го освoи второто место со поетската творба „Чекање“ на Државниот литературен конкурс „Млади  творци“-2016, Милица Паурус и третото место во интерпретација на песната „Светот во перцепција на секој“ на Државниот натпревар МАССУМ Образовни рандеву.