20/04/2016

Награди за најдобрите

На годинашното Образовно рандеву, што се одржа во Велес, а кое го организираше Младинска асоцијација на средните стручни училишта во Македонија-МАССУМ, екипата на СОУ„Јосиф Јосифовски“ постигна одлични резултати.

Драмската секција од ова училиште го освои второто место за најдобра театарска претстава во конкуренција на 19 училишта. Додека пак ученичката Емилија Манасиеава го освои третото место за најдобра песна во конкуренција на 37 учесници, а трите тима на СОУ„Јосифовски“ го освоија третото место за најдобра модна ревија.

Во поединечните натпревари учествуваа и гевгеличанецот Роберт Андонов за најдобра песна и фотографија, како и  Филип Ќамилов и Мартин Бојмалиев за најдобар постер.