21/04/2016 Goran Manev

Молекуларна гастрономија

Проектот„Молекуларна гастрономија“ е во рамки на Програмата Еразмус + и се  имплеметира со хрватското угостителско-туристичко училиште во Шибеник, Република Хрватска, а со финансиска поддршка добиена преку Националанта агенција за европски програми и мобилност.

Како современ стил на готвење што се користи во многу професионални кујни, проектот за молекуларна гастрономија овозможи учениците да се стекнат со вештини за истражување, применување на физичките и хемиските трансформации на состојките коишто се случуваат за време на готвењето. Целите на проектот ќе бидат експериментирање со постоечките рецепти, како и измислување на нови рецети, а преку тоа и користење на молекуларната гастрономија за народот да го сфати придонесот на науката во општеството. Учениците ќе развијат вештини за усовршување на социјалните, уметничките и техничките делови на кулинарските и гастрономските појави во целина.

Постои очигледна потреба од квалификација и обука во областа на гастрономијата, а соодветните модули на практична обука и концепти на проектот ќе ја надополнат постоечката обука и ќе ги подобрат кариерните можности и придобивки за развој.