12/12/2017 Goran Manev

МИМИ ФИЛОВА ОСВОИ ПРВО МЕСТО НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА ОЛИМПИЈАДА ПО ФИЗИКА

Ученичката од четврта година во СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија Мими Филова под менторство на професорката Рамона Панорова освои прво место на 5-тата Експериментална олимпијада по физика – Ден на електронот. Задачата на натпреварот беше определување на Болцманова  константа.

25359918_10211660820498351_688211447_n

25287294_1836318203325567_1732264238_n

25323139_10211660779457325_358704961_n

Олимпијадата се одржа во Софија, Р. Бугарија на 9.12.2017год. На олимпијадата учествуваа 137 натпреварувачи од повеќе земји и тоа од: Македонија, Русија, Грција, Бугарија, Казахстан, Србија и Унгарија.

23584433_10211660385967488_1922478409_n

Од Македонија се натпреваруваа ученици од училиштата од Гевгелија, Струмица, Босилово, Берово, Валандово, Неготино, Велес, Скопје, Охрид и Куманово.

25286922_10211660780337347_45332848_n

Значаен успех постигнаа и другите ученици-учесници од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија : Брзилова Елена ( Клас: I1), Стојменов Никола( Клас I1),Петков Христо( Клас: I1),Ристова Марија( Клас:I2),Ангелкова Нина(Клас:I2),Александар Стефанов (Клас: II4), Димов Јован(Клас:III4) и Mарија Павлоска ( Клас: III3). Учениците беа под менторство на професорите Рамона Панорова и Марија Танева.

25276660_10211660392207644_1303314724_n

25323835_10211660822658405_1394595350_n