20/04/2016

Македонија без отпад

Во рамки на проектот „Македонија без отпад“низ цела држава се реализира национална акција за чистење на отпад.Акцијата ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, дел од проектот „Македонија без отпад 2014“.

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија исто така се вклучи во акцијата. Чистење на училишниот двор, собирање на отпадот, садење на дрвца и цвеќиња беа дел од активностите на учениците и професорите кои денешниот ден го посветија на здравата животна средина. Во текот на периодот што следи во Училиштето ќе се одржат и едукативни настани во кои ќе се разговара и дебатира на теми поврзани со отпадот.

Намерата е да се поттикне активирање на јавноста за чистење на расфрланиот комунален отпад, едукација за правилното отстранување, како и за штетите предизвикани од непланското фрлање отпад. Акцијата во Македонија вклучува комбинација на акции за чистење на околината, образовни програми за развој на свеста за позитивните практики на управување со разни видови отпад и промоција на одговорни навики поврзани со отпдаот.