20/04/2016

Континуитет на збратименост и пријателство

Како израз на единство и долгогодишно пријателство изградено од највидлива форма на соработка, СОУ “Јосиф Јосифовски”-Гевгелија во рамки на периодот од 10-ти октомври до 12-ти октомври оствари средба со збратименото средно училиште “Михајло Пупин” од Инџија.

По повод патрониот празник се организиираа пријателски спортски натпревари и културолошки посети. Во таа насока учениците и професорите имаа можност да развијат широк спектар на прашања од спорт,уметност, култура, одржлив развој, општествена вклученост и солидарност.

Имено, вработените од двете училишта разговараа за низа прашања од образовните процеси и актуелностите во образованието во Македонија и Србија. Тоа беше можност да се разменат мислења и да се изврши компарација на различните погледи од полето на новите методи и техологии на образованието. Како одличен флексибилен инструмент за соработка, збратименото пријателство е мотив за континуитет на основните вредности на организираните пријателски средби помеѓу двете збратимени училишта.