02/05/2017 Goran Manev

Клубот ММОН од Гевгелија прогласен за најдобар клуб

На финалната конференција Македонски Модел на Обединети Нации (ММОН) 2017 одржана во рамките на истоимената програма што ја спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со организацијата Мировен Корпус во Македонија, клубот на ММОН 2017 од Гевгелија е прогласен за НАЈДОБАР КЛУБ. Во клубот се вклучени:

1. Мими Филова – лидер на клубот
2. Слободанка Смилкова – заменик лидер
3. Мартина Трајаноска – логистика
4. Филип Аблаков
5. Пепи Карагонов
6. Проше Митовски
7. Марија Павлоска
8. Дејан Сламков
9. Александар Стефанов
10. Бранка Ступар

Програмата опфаќа млади на возраст од 16 до 25 години. Оваа година Гевгелија учествуваше за првпат. Сите членови се ученици од СОУ„Јосиф Јосифовски“ под менторство на професроката Кристина Пренда.

Конференцијата (симулации) се одржа на 29.4.2017год. во просториите на Универзитетот ФОН – Скопје.