20/04/2016

Извонреден успех на Европски математички куп

На 14 декември во просториите на Машинскиот факултет во Скопје се одржа Европскиот математички куп, кој е меѓународен натпревар по математика со тригодишна традиција на одржување. Натпреварот се организира од хрватското здружение на математичари „Марин Геталдиќ“ од Загреб.

Врз основа на постигнатите резултати на ЈММО 2014 и ММО 2014 учествуваа 29 ученика од Македонија , меѓу кои и ученичката од СОУ “Јосиф Јосифовски“-Гевгелија Мими Филова.
Во силна конкуренција од 11 земји учеснички меѓу кои Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија ,Албанија, Литванија, Грција, Белгија, Словенија и САД, ученичката Мими Филова ја освои втората награда.