На вториот меѓународен натпревар за ученици од средните туристички школи во Сараево СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се врати со златна плакета за најоригинален туристички производ. Ученичките Елизабета Трајкова и Татјана Ристова под менторство на професорот Бранко Бизоев учествуваа со гевгелискиот производ „ The seven tastes of region Gevgelija“ (Седумте вкусови на гевгелискиот регион).
Инаку на овој натпревар учествуваа училишта од: Белград, Загреб, Пула, Опатија, Раб, Хвар, Лесковац, Подгорица, Добој, Врњачка Бања, Радовљица…