17/05/2017 Goran Manev

Активност: „Еднаквост за сите семејства”

Активност : „Еднаквост за сите семејства”

Ќе се организира хуманитарна активност на средношколската организација при СОУ „Јосиф Јосифовски” од Гевгелија по повод Меѓународниот ден на семејствата. На 19.5. 2017 год. (петок) пред почетокот на матурскиот танц на плоштадот во Гевгелија средношколците ќе делат позитивни пораки за сeмејствата, а граѓаните ќе можат да донираат средства кои ќе бидат наменети за семејства во социјален ризик.

Настанот е во соработка со ОО на Црвен крст-Гевгелија и ќе трае од 11  до 12  часот.

Ве очекуваме!