20/04/2016

Европски ден на јазици

Почнувајќи од 2001год.  по иницијатива на Советот на Европа, секоја година на 26-ти септември се прославуа Европскиот ден на јазиците.

 Во знак на поддршка и охрабрување на учењето  јазици низ Европа, учениците од паралелките од стручно образование изведоа културно-уметничка програма на македонски јазик, француски јазик, латински јазик и англиски јазик. Под менторство на професорите од активот по француски јазик, музичка уметност и ликовна уметност, програмата опфати музички и рецитаторски точки, како и изложба на ликовни творби.

Преку програмата учениците сакаа да ја пренесат пораката за важноста од учење јазици, интеркултурното разбирање, како и  да се промовира богатата лингвистичка и кутурна диверзификација во Европа.