20/04/2016

Гевгеличани по втор пат го освоија „Бисерот на морето“

По јубилеен десетти пат во организација на Сојузот на готвачи од медитерантскиот и европскиот регион од 25 до 29 април во Супетар , на островот Брач ( Хрватска) се одржа меѓународниот кулинарски фестивал „Бисер мора“.Почнувајќи како настан со учество на 20 хрватски готвачи, денеска фестивалот има друга димензија опфаќајќи околу 300 готвачи од различни земји со исклучително богата програма од натпреварувачки и едукативен карактер.

Во рамки на овогодинешниот меѓународен кулинарски фестивал учествуваа околу осумнаесет училишта од повеќе земји вклучувајќи ги Македонија Словенија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Германија, Полска, Бугарија, Австрија, Индија, Грција, Турција , Романија и Украина.
По иницијатива на директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија г-н Борче Нечевски оваа година учествуваа учениците од хотелско-туристичката струка образовен профил готвач Кристијан Атанасов, Трајче Спасиќ и Стефан Петков. Тимот кој го претставуваше училиштето, а воедно и нашата држава се натпреваруваше во јуниорска (средношколска) категорија на тема „Национална кујна“ притоа изготвувајќи мени од три јадења. Тимот се истакна со своите кулинарски вештини и способности и преку оригинален рецепт, генијални состојки и традиционален македонски вкус го плени стручното жири и го освои бронзениот модел.

Покрај натпреварувачкиот дел, фестивалот опфати многубројни интерактивни предавања за подобрување на квалитетот на храната преку примена на најздравите состојки, едукативни работилници за приготвување различни органски и морски специјалитети, тематски вечери со дегустација на различни национални кујни и кулинарски шоуа од врвни кулинари.