27/04/2016 СОУ Јосиф Јосифовски

Втора награда на Олимпијада по физика

На четвртата отворена експериментална олимпијада по физика „Ден на светлината“ што се одржа на 23 април 2016 година во Софија, Република Бугарија СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија постигна огромен успех.

Под менторство на професорката Рамона Панорова, учествуваа учениците Мими Филова, Слободанка Смилкова, Димова Тања и Ристовска Моника.

Ученичката Мими Филова од втора година гимназиско образование постигна неверојатен успех, освојувајќи ја втората награда.