23/05/2016 СОУ Јосиф Јосифовски

Втора награда на Државен натпревар по биологија

Ученичката Цветанка Солакова од II3 клас под менторство на професорката  Андигона Костадинова ја освои втората награда на Државниот натпревар по биологија.

На државниот натпревар по биологија за ученциите од втора година беа опфатени темите биологија на клетка, основи на молекуларна биологија, правила во наследувањето, морфологија и физиологија на растенијата.