27/04/2016 СОУ Јосиф Јосифовски

Втора награда за веб страница на МАССУМ

На овогодинешниот  натревар  Образовно Рандеву- МАССУМ,  СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија постигна значаен успех во категоријата изработка на веб страница.

Tимот составен од учениците Иван Мицев, Васка Кичукова и Лазе Димитровски го освои второто место на натпреварот. Веб страницата е достапна на следниот линк: www.josifjosifovski.edu.mk 

Натпреварот се одржа на 22 и 23 април во училиштето „Михајло Пупин“ во Скопје.