10/05/2017 СОУ Јосиф Јосифовски

Втора дисиминација на проектот „Воведување во е-бизнис“

По повод патрониот празник на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија на 4.5.2017 год.(четврток) се одржа втората дисиминација од проектот „Воведување во е-бизнис во рамки на програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски програми и мобилност.

18386947_1749465788677476_1199506331_n

18361446_1749465682010820_1833910550_n

Проектот опфати двонеделна мобилност во Даблин,  а партнер организација на проектот е ДРЛ со долгогодишно искуство во полето на економскиот и социјалниот развој, подобрувањето на бизнис климата и  странските директни инвестиции.

14947447_1440299292666339_348744464262487963_n

Во рамки на проектот имаше работилници со успешни претприемачи,студиски посети на гугл, националниот центар за дигитални истражувања и ирската банка при што  учениците имаа можност да се стекнат со знаење за предизвиците на е-бизнис компаниите и значењето на е-бизнис алатките во подобрувањето на бизнис процесот и пронаоѓањето на нови пазари.14963147_1441299532566315_4824081213173360220_n

 

15036641_1440365995993002_2382570385704974287_n

15036470_1438643882831880_3125690796825457834_n

Пред почетокот на дисиминацијата настап имаше средношколскиот хор на СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија под менторство на професорот Илија Атанасов.

18425998_1749491918674863_1621986663_n

Дисиминацијата се одвиваше во два дела.Во првиот дел се презентираа културолошките аспекти  на Даблин, како и основните предуслови за развивање на е-бизнис стратегија.

18424863_1749465542010834_387174248_n

Исто така се презентираа клучните елементи на економијата на Ирска, позитивните страни на веб дизајнот, стартап програмите на банката на Ирска, националниот центар за дигитални истражувања, позитивните можности кои ги нудат стартап викендите во Гугл, како и примерите за успешен е-бизнис план преку искуствата на познати претприемачи од Даблин , кои го објаснија патот до успехот на нивниот бизнис.

18361446_1749465682010820_1833910550_n

 Преку успешните примери на  Нјугрејнџ, Хоуф и музејот „Даблина“ се истакнаа  основните предуслови за креирање на е-бизнис е-туристички бизнис и улогата на  е-маркетинг и е-промоција во стратегијатата на е-бизнисот.  Имено, присутните гости имаа можност да ги разберат разликите меѓу традиционалниот бизнис модел и моделот Канвас, позитивните страни од креирање на е-бизнис стратегија со цел да се одговори на барањата на потрошувачите.

18361528_1749465695344152_1097129745_n

Во вториот дел од презентацијата се стави акцент на  бизнис плановите кои се развиваа во работилниците во Даблин на сите четири тима на ученициите со своја развиена е-бизнис стратегија.  која беше развиена во рамки на двонеделната практична обука во Даблин.

18386981_1749832455307476_304832631_n

Дисиминацијата заврши со поттикнување на присутните гости за инвестирање во идеите како најголем капитал, извор на иновација и клучен момент на сите човечки промени и прогрес.

18361594_1749465578677497_2058053129_n

Повеќе фотографии се достапни на фејсбук страницата на проектот: Project: E-business/ Проект: Е-бизнис

Линк: https://www.facebook.com/Project-E-business-%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82-%D0%95-%D0%B1%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%81-1390944557601813/?hc_ref=PAGES_TIMELINE