20/04/2016

Втора дисеминација на проектот „Коњичка индустрија и туризам“

На 6.11.2015год. ( петок ) се одржа втората дисеминација од проектот „Коњичка индустрија и туризам“, втор успешен проект на СОУ “Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност, преку програмата Еразмус +.

Десет ученика од СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија во рамки на групата што имаше практична обука во Биотехничката школа ГРМ, Ново Место( Словенија) ги разменија своите стекнати искуства со 30 ученика од хотелско-туристичката струка при СОУ„Јосиф Јосифовски-Гевгелија. Учениците беа вклучени во три работилници. Првата работилница се однесуваше на психологијата на коњите. Во втората работилница акцентот се стави на пристапување кон коњите, отстранување на седло и нега на коњите, а третата работилница вклучи техники за јавање на коњи. Четвртата работилница опфати техники на јавање и потенцијалите за развивање на туристичка понуда со коњи. Стекнатите вештини се презентираа во коњичкиот клуб Бистра, Галичник.

Повеќе фотографии од втората дисеминација се достапни на фејсбук профилот на проектот „Коњичка индустрија и туризам“ достапен на следниот линк:

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1662312557387827.1073741866.1502019060083845&type=3