На 3.5.2017 год. во Народниот театар во Гевгелија се оддржа традиционалната франкофонска вечер со која воедно се одбележа и патрониот празник на СОУ “Јосиф Јосифовски”. Преку песни, танци и драмски изведби на интересен и забавен начин на присутните им беше прикажана убавината на францускиот јазик и култура. На манифестацијата учествуваа и ученици од ООУ Крсте Мисирков кои на симпатичен начин ја покажаа љубовта кон францускиот јазик. Посебна чест беше и присуството на г-ѓа Марија Николова, претставник од Националната комисија за Франкофонија, и г-ѓа Милена Касапоска-Чадлоска, претседателка на Здружението на професори по француски јазик на Македонија која им се обрати на присутните и ја пофали активноста на професорите по француски од СОУ Јосиф Јосифовски за континуирана промоција на Франкофонијата и изрази благодарност до сите кои ги подржуваат франкофонските активности.











