Успех на трка на франкофонијата


Под мотото „Биди активен! Трчај за франкофонијата“ на 21 март (сабота) се одржа трка со која беше одбележан Светскиот ден на франкофонијата. Трката ја организираше Францускиот институт во Скопје во соработка со Амбасадата на Франција, а на неа учествуваа над 500 учесници од средните училишта од Македонија.На отворањето на настанот присуствуваа француската амбасадорка Лоренс Оер и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Како активен поддржувач на спортот, СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија учествуваше на овој настан со 7 натпреварувачи под менторство на професорите Виолета Аризанова, Зоран Аврамов и Влатко Семенаков. Во конкуренција од над 500 учесника , учениците од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија се истакнаа со забележителни резултати. Тоше Анчев го освои второто место, Влатко Тучев четвртото место,Ѓорги Костадинов петото место,Ѓорге Јангелов десетото место и Караколев Мартин иденаесетото место. Во женска категорија Кети Тучева и Бојана Tанчевска петнаесетото место.

Comments

comments

Check Also

Успех на регионален натпревар по физика

На 09.03.2019 година во СОУ„Гоце Делчев“-Валандово се одржа 52-от Регионален натпревар по физика. Учениците од …

Powered by keepvid themefull earn money