Три сребрени медали на меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда“


Ученици и професори од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од 2.12.2016 до 4.12.2016 учествуваа на Меѓународниот фестивал на уметностите „Утринска ѕвезда“ кој се одржа во градот Банско, Р Бугарија. Охрабрени од минатогодишниот успех, кога драмската група под раководство на проф. Жаклина Атанасова го освоија бронзениот медал, оваа година во Фестивалот покрај драмската група зедоа учество и младинскиот мешан хор при СОУ „Јосиф Јосифовски“, како и вокално-камерната пејачка група „Royals“ составена од професори и ученици на Училиштето.

15357011_1421972531177083_400668702_n

15423573_1421972327843770_922864287_n

Групите на сцената на Народното читалиште „Никола Јонков Вапцаров“ во Банско, според програмата на Фестивалот, настапија на 2.12.2016. Хорот под диригентската палка на м-р Илија Атанасов ги исполни композициите „Gagliarda“ од Балтазаре Донато, „Ајде да се земеме“ од Драган Шуплевски и „You raise me up“ од   Ролф Ловланд; камерно-пејачката група настапи со „Тажна љубов среќна песна“ од Тамара Тодевска, „Royals“ od Lorde и „Како Вардар“ од Зафир Хаџиманов; драмската група ја изведоа претставата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски во режија на проф. Жаклина Атанасова.

15415898_1421973007843702_567866326_n

15403216_1421972271177109_1918215769_n

На гала-претставата која се одржа на 4.12.2016, на истата сцена, меѓународното жири на Хорот, вокално-камерната пејачка група „Royals“ и драмската група им додели сребрени медали.

Фестивалот „Утринска ѕвезда“ работи и дејствува под заштита на УНЕСКО и има голем број настани и активности. Како и секоја година, така и оваа во него учествуваа околу 3.000 учесници од разни европски земји.

15423771_1421972484510421_1625493784_n

Comments

comments

Check Also

Трето место на државен натпревар „Најдобар бизнис концепт““

SBF ( Solar Bag for Future) изработена од тимот на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија освои 3 место …

Powered by keepvid themefull earn money