Трето место на меѓународен натпревар на истражувачки проекти


Учениците Кире Џотов и Лазе Раманчев од СОУ „Јосиф Јосифовски“ под менторство на професорката Андигона Костадинова го освоија третото место на меѓународниот натпревар на истражувачки проекти од природните науки во организација на МЕФ образовната институција во Истанбул, Турција.

Во конкуренција од 579 проекти од 26 земји од светот, на натпреварот  учествуваа најдобрите 100 проекти кои ги претставуваа 169 ученици од 21 земја – Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Филипини, Грузија, Хрватска, Ирак, Шведска, Црна Гора, Катар, Киргистан, Северен Кипар, Косово, Македонија, Малезија, Мексико, Полска, Романија, Словенија, Украина и Турција.

Comments

comments

Check Also

Второ и трето место на „Лидер на струка“ за угостителско-туристичка струка

На 5.12.2018год. ( среда ) во СОУ „ Коле Нехтенин “ – Штип се оддржа натпреварот …

Powered by keepvid themefull earn money