Трета награда на меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда“


Драмската група при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, ментор проф. Жаклина Атанасова, го освои третото место на 16. Меѓународен фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда“ кој се одржа од 18.11.2015 до 22.11.2015 год. во Банско, Р Бугарија.

Имено, на фестивалот учествуваа 1500 учесника од Република Македонија, Бугарија и Молдавија кои се натпреваруваа во три различни категории и тоа: театарска претстава, вокално-инструментални и танцувачки изведби.

Нашата театарска група настапи со претставата „Сметка, молам!“ од Џонатан Ранд, во режија на проф. Жаклина Атанасова,  а актерските улоги ги понесоа учениците Теодора Атанасова во улога на Девојката, Петар Узунов – Момчето, Марко Проданов – Мет и Брендон, Катерина Иванџикова – Мелани, Петар Букршлиев – Тод, Аника Стоилова – Изабела, Васил Митровски – Марк и Душица Проданова – Линда и Мери.

„Учеството на еден ваков фестивал за нас беше голем предизвик. Нескриено е воодушевувањето на учениците од целиот настан, а уште повеќе од постигнатиот успех. Тоа значи одговорност за нашите идни планови и настапи, но воедно е и мотивација за престојната работа на драмската група.“ – изјави проф. Жаклина Атанасова.

Главен организатор на Фестивалот е Здружението „Арт академија – Утринска ѕвезда“ со седиште во градот Перник, Р Бугарија, а негов претседател е г. Кирил Костадинов. Фестивалот се одржува од 2008 година во Банско, Албена, Сончев Брег и Ковачевци, а еднаш годишно во Софија се одржува свечен гала- концерт за лауратите од годишните изданија на Фестивалот. Фестивалот работи и опстојува под заштита на УНЕСКО.

Comments

comments

Check Also

Нови успеси на учениците од СОУ Јосиф Јосифовски по предметот Биологија

Под менторство на проф. Ани Костадинова на државниот натпревар по Биологија освоени се следните награди: …

Powered by keepvid themefull earn money