СОУ„Јосиф Јосифовски“ се стекна со Повелба за мобилност за стручно образование и обука 


На 19.09.2017 година в.д. директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г.  Дарко Димитров денес го додели вториот сертификат во Република Македонија за Еразмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука на училиштето СОУ Јосиф Јосифовски. 

21751408_825415494293058_3311563484805399109_n (1)

Воведувањето на оваа Повелба во нашата Република, институциите, а заедно со нив и сите лица инволвирани во стручното образование и обука добиваат на еден начин унифицирано признание на Европско ниво по однос на градење на капацитетите за организирање на квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време да се награди, промовира и развие квалитетот во мобилноста.

1

Повелбата за стручно образование и обука обезбедува општа рамка за квалитет на активностите во европската и меѓународната соработка, подржување во градењето на капацитетите за организирање на квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време и наградување, промовирање и развој на квалитетот на мобилноста. Стекнувањето на Повелбата за мобилност за стручно образование и обука овозможува да се аплицира на поедноставен начин за проекти од Еразмус+ Програмата, Клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени почнувајќи од 2018, но истата не подразбира директно финансирање или гаранција за финансирање под Клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени. 


Училиштето СОУ Јосиф Јосифовски од Гевгелија ги исполни сите критеруми и стандарди и успешно аплицираше за Европската Повелба за стручно образование и обукаво програмата Еразмус+. 

Училиштето успешно ги реализираше проектите „Органски кетеринг–подобрување на вештините и способностите во рамки на стандардите на ЕУ во угосителството“ (Мобилност во Р Италија), „Коњичка индустрија и туризам“ (Мобилност во Р Словенија), „Молекуларна гастрономија“(Мобилност во Р Хрватска), „Воведување во е-бизнис“ ( Мобилност во Р Ирска)

 Во име на училиштето СОУ „Јосиф Јосифовски“ повелбата ја прими директорот г. Борче Нечевски.

Comments

comments

Check Also

Дарко Папалазов најдобро рангиран ученик на Стоматолошки факултет

  Ученикот Дарко Папалазов од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија ја доби стипендијата од ПЗУ „Дентиција“ Гевгелија заради …

Powered by keepvid themefull earn money