Проект „Нераскинливи Врски“

Техничкото средно училиште „Михајло Пупин“ од Инџија, Република Србија, во соработка со СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, започнаа со реализација на  проектот „Нераскинливи врски“.Основна задача и концепт на овој проект е остварување на размена на наставници и ученици со цел запознавање со начинот на работа во двете училишта.

Во проектот „Нераскинливи врски“ учествуваат учениците Мите Цветковиќ, Васил Василев, Лазе Богданов и Петар Гребенаков под менторство на професорот Александар Делиџаков. Учениците се од машинската струка, образовно подрачје автотехничар –мехатроничар. Во седумдневниот престој во Инџија, почнувајќи од 9.10.2015год. до 15.10.2015год. се разменија искуства и идеи за генераторите за успешен наставен процес во техничкото училиште во Инџија. Имено, учениците и менторот имаа можност да посетат некои од теоретските и практичните часови во техничкото училиште „Михајло Пупин“.

Соработката продолжува и се очекува во текот на наредната година група професори и ученици да се запознаат со квалитетот на наставата, принципите и начинот на работа на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија.

Проектот започна официјално во рамки на патрониот празник на училиштето „Михајло Пупин“.

Провери го и ова!

Проект за зајакнување на меките вештини кај учениците

Претходниот петок-сабота однoсно на 24-25.01.2020год.  во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија започна со реализација гранд проектот …

Powered by keepvid themefull earn money