Ученичката Васка Ефтимова од четврта година при СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија под менторство на професорот Тони Аврамов го освои првото место на конкурсот за ученици од основните и средни училишта за есеј на тема: „Св.Климент Охридски и моќта на словото“. Есејот е прво место од вкупно пристигнати 105 есеи.
Конкурсот беше објавен по повод одбележувањето на 1100 години од смртта на Св. Климент Охридски – првиот словенски архиепископ, втемелувачот на првиот словенски универзитет, светител и просветител.