Посета на Државен завод за статистика


Денес, гости во Државниот завод за статистика беа учениците од втора и трета година од средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија од економска, правна и трговска насока. Целта на посетата беше запознавање со работата на Заводот преку презентацијата „Статистиката како наука и пракса“.

Во рамките на презентацијата беа опфатени одредени теми кои се однесуваа на статистички изрази за единица и податоци, статистички извештаи, статистичка маса, методи за прибирање на податоци и објавување на податоците, статистички стандарди итн.

Учениците стекнаа нови знаења кои ќе им користат во текот на нивното стручно образование, но и понатаму.На крајот од предавањето, учениците, на претходно изготвен образец за евалуација, наменет за средношколци, ги изнесоа своите впечатоци и задоволството од предавањата.
Во текот на завршната дискусија, професорките Јасмина Мицева и Билјана Панова и учениците од економско-правна и трговска струка искажаа интерес ваквите средби во иднина да прераснат во редовна пракса за следните генерации ученици.

Comments

comments

Check Also

Втора и трета награда на Регионален натпревар по математика и пласман на Државен натпревар

На 16.2.2019год. во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово се одржа Регионалниот натпревар по математика за ученици …

Powered by keepvid themefull earn money