Општински натпревар „SPELLING BEE 2015”


На 26 март во просториите на СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија се одржа oпштинскиот натпревар „Spelling Bee 2015”. Оваа година 35 ученика се натпреваруваа во две категории – помлади (ученици од прва и втора година) и постари средношколци (трета и четврта година). Од нив 11 се пласираа за регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Струмица на 18 мај, а потоа најдобрите ќе ги одмерат своите сили на државниот натпревар во Скопје.

За организацијата на општинскиот натпревар беше одговорна Кристина Пренда, наставник во СОУ„Јосиф Јосифовски“, а координатор на активностите беше Мериди Џонс, волонтер на Мировниот корпус која истовремено е ангажирана во Фондацијата „Аполонија“ – Гевгелија.
Натпреварот „Spelling Bee“ веќе неколку години се спроведува во соработка со Американскиот мировен корпус во Македонија. Учениците имаат за задача точно да спелуваат 10 англиски зборови. Целта на натпреварот е да се збогати речникот на учениците и да се поттикне користење правилен правопис и изговор. Покрај тоа, на часовите за подготовка и на самите натпревари (општински, регионални и државен) учениците имаат можност да ја развијат својата самодоверба и да ги покажат своите знаења во атмосфера на пријателска конкуренција.

Ученици кои ќе го претставуваат СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија на Регионалниот натпревар во Струмица на 18 април:
Група: Јуниори
(прва и втора година)
1. Марија Караризова I 1
2. Борис Џотов I 3
3. Бошко Стефанов I 7
4. Михаела Попова I 8
5. Кристијан Дебников II 2
6. Мартин Анастасов II 3
7. Катерина Иванџикова II 4
8. Елена Ѓоргиева II 6
9. Никола Досков II 8
Група: Сениори
(трета и четврта година)
1. Христина Ќаева III 5
2. Јован Лешев IV 3

Благодарност до сите учесници на настанот за нивната соработка.

Comments

comments

Check Also

Второ место на натпревар за најдобра ученичка компанија

Учениците од  трета година од образовниот профил економски техничар при СОУ„ Јосиф Јосифовски“ -Гевгелија  со …

Powered by keepvid themefull earn money