Обука од Националната агенција за европски програми и мобилност


На 5.10.2016год. во ОУ„Кочо Рацин“-Нов Дојран, во Нов Дојран со почеток од 12часот се одржа обука од страна на Националната агенција за европски програми и мобилност. На инфо денот говореа претставници од Националната агенција за европски програми и мобилност и ги претставија програмите „Еразмус плус 2014-2020“ и европските иницијативи „Еуропас“, „Евридика“, Е-твининг, Еурогајденс, Еуродеск и ЕКВЕТ.

Со имплементацијата на програмата „Еразмус плус“ во Република Македонија се обезбедува огромна поддршка на образованието, обуката, младите и спортот. Оваа програма придонесува кон надградување на институционалните капацитети, како иличниот и професионалниот развој на сите чинители во полето на образованието, обуката, младите и спортот.

СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија оваа година има одобрено успешна апликација за четвртиот проект од програмата Еразмус+, при што ученици од економско-правна и трговската струка ќе имаат можност да бидат дел од двонеделна практична обука во Република Ирска.

Comments

comments

Check Also

Почеток на учебната 2019/2020 година

На 2.9.2019год. ( понеделник ) започнува учебната 2019/2020 година. Наставата ќе се одвива во една …

Powered by keepvid themefull earn money