Во рамките на тековните активности за реформи на средното стручно образование, проектот “Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системите за средно стручно образование и образованието на возрасните“, финансиран од Европската Унија, продолжи со спроведување на предвидените активности за учење на учениците и оценување, за наставниот кадар на средните стручни училишта. За таа цел, девет професори од средното стручно образование кои предаваат општи образовни предмети и стручни предмети во СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија беа на обука за наставниот кадар од средните стручни училишта на РМ за областа учење и оценување. Обуката се одржи од претставници од Министерството за образование и наука и Британскиот совет во временскиот период од 16-ти до 19-ти август во хотел Дрим.
Обука за модернизација на системот за средно стручно образование
