Новогодишен базар – Дарувајте насмевка секому


На 25.12.2014 год. на плоштадот на општина Гевгелија активот по француски јазик и средношколската заедница на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија и родителите на учениците како дел од проектот на Министерството за образование и наука „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ организираа божиќен хуманитарен базар.

Базарот беше вистинско место да се вкуси комбинацијата од традиционални и модерни слатки и солени задоволства. Преку продажбата на вкусните рецепти се поттикна иницијативата за солидарност на граѓаните. Собраните средства ќе бидат искористени за хуманитарни цели.

Comments

comments

Check Also

ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА

Во  учебната 2019/2020 година во  прва година  може да се запишат 374 ученици во 11 …

Powered by keepvid themefull earn money