Иновација во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Мобилен сончев колектор

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија по вторпат ќе учествува на Меѓународниот натпревар  на истражувачки проекти од природните науки во организација на МЕФ – образовна институција во Истанбул во периодот од 9 до 13 мај.

Проектот „Наједноставен, евтин, мобилен, персонален сончев колектор за топла вода достапен за луѓето на земјите во развој исто ефикасен и функционален како и другите“ е изработен од учениците Кире Џотов од четврта година и Лазе Раманчев од втора година под менторство на професорите Ани Костадинова и Софија Раманчева Тошева. Поддршка за изработката и видео презентација на проектот дадоа и ДООЕЛ „Видиа Ване“ и професорот Тони Аврамов.

Истиот проект се пласираше меѓу триесетте полуфиналисти во конкуренција од 235 проекти од цел свет на 5 Меѓународен натпревар на истражувачки проекти за заштита на животната средина на тема: „Направи влијание“, организиран од CSTL – Центар за наука, техника и учење со седиште во Њујорк, САД.

Провери го и ова!

II место на Националниот натпревар за најдобра ученичка компанија

Матурантите од СОУ Јосиф Јосифовски со освоено второ место на Националниот натпревар за најдобра ученичка …

Powered by keepvid themefull earn money