НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ВО РМ


Со  цел да се популаризира и афирмира спортот и да се глорифицираат успесите на спортистите и спортските клубови, Агенцијата за млади и спорт оваа година додели награди за најуспешни спортисти и спортски клубови.

Во категоријата за најуспешен спортски клуб во делот на средното образование, СОУ “Јосиф Јосифовски-Гевгелија се стекна со награда за најуспешен училишен спортски клуб во Република Македонија за 2015 година.

Освен  категоријата за најуспешен училишенс спорт во основното, средното и високото образование , номинирани беа спортисти  во десет категории. Номинациите произлегоа пред се од националните спортски федерации, од спортските новинари кои  учествуваа во самото гласање заедно со седумчлениот Совет за спорт

Свеченоста на наградите се одржа на 23 декември 2015 година  во Македонскиот народен театар.

Comments

comments

Check Also

Информации за запишување ученици во учебна 2018/2019година

Информациите за запишување на ученици во СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во учебната 2018/2019 година може да …

Powered by keepvid themefull earn money