Нашето училиште дел од меѓународното истражување на учениците – ПИСА

На 6 април 2015 година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија се изведе тестирање за Програмата за меѓународно оценување на учениците ПИСА 2015, која претставува една од најчесто користените алатки во светски рамки за мерење и оценување на практично применливото знаење што го стекнуваат учениците во образовниот систем во матичната земја.

Спонзорирано од страна на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), ПИСА е студија која се спроведува од 2000 година и вклучува повеќе од 70 земји учеснички. Преттестирањето беше спроведено во 2014 година, а од оваа година се спроведе главното истражување.
Тестирањето е најголемо меѓународно истражување во образованието во кое се вклучени ученици од 15 годишна возраст. Преку ова тестирање се оценува подготвеноста на учениците за животот како возрасни и се мери научната писменост во наука, математика и писменост за читање. Воедно, се собираат соодветни информации за образовната практика на земјите учеснички.
Се тестираа 50 ученици кои беа одбрани по случаен избор. Учениците решаваа тест на хартија за време од два часа. Во тестот беа вклучени прашања од природни науки, математика и читање.
Реализацијата на PISA е значајна бидејќи резултатите од оценувањето може да се искористат за:
* да се прикаже колку добро учениците во Република Македонија се подготвени за учење откако ќе го напуштат училиштето;
* да се идентификуваат областите кои, со тек на време, треба да се унапредат од страна на училиштата, образовниот систем и владата;
* да се овозможи споредување на ефикасноста на ученикот и средината за учење помеѓу различни земји.

Провери го и ова!

Резултати од второ пријавување за упис во прва година 2020/21

Best free WordPress theme

Powered by keepvid themefull earn money