Натпревар на учениците од туристичките струки


Развојот на туризмот и унапредување на неформалното образование се главните цели на натпреварот за учениците од туристичките струки што се одржува во Сараево.

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија учествува со своја екипа, а покрај нив се и ученици од Белград, Загреб, Пула, Опатија, Раб, Хвар, Лесковац, Подгорица, Добој, Врњачка Бања, Радовљица…

Учениците се претставуваат со штандови, со производи од своето поднебје кои се традиционални и белег на регионот, со реклама и говорен настап. Говорниот настап е делумно на мајчиниот јазик, делумно на англиски јазик.

Гевгелискиот производ е уште на почетокот забележан, а е насловен „ The seven tastes of region Gevgelija“ (Седумте вкусови на гевгелискиот регион).

Натпреварувачите ќе ги оценуваат посетителите за кои се подготвени специјални ливчиња за гласање и стручно жири.

Натпреварот е поддржан од Министерството за туризам на Босна и Херцеговина, општината Стар Град и Општина Центар (Сараево).

Comments

comments

Check Also

Награда на конкурсот за есеј на тема: „Либерти Валанс: Правото на силата или силата на правото“

СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија и оваа година учествуваше на осмото издание на Филозофскиот Филмски Фестивал  организиран …

Powered by keepvid themefull earn money